јули 5, 2026

When in Krusevo 2026

Во рамките на 10-тото јубилејно издание на фестивалот „When in Krusevo“, наша екипа за прва помош беше на терен и ја придружуваше планинарската тура кон врвот Мусица (1.788 м.н.в.) на Бушева Планина. 🏔️
​Како и секогаш, нашите волонтери се тука за да ја осигураат безбедноста на сите учесници и да пружат брза и ефикасна поддршка при секаков предизвик на патеката.
Уште една наша екипа за прва помош беше на терен и ја придружуваше велосипедската тура која се движеше по патеките на Станич. 🚴‍♂️🌲
​Волонтерите на Црвен крст Крушево се стратешки распоредени за да се погрижат за безбедноста на сите учесници и да осигураат брза реакција и поддршка при секаков предизвик на патеката.
​За максимална безбедност на сите учесници, на терен е распоредена уште една екипа за прва помош која будно ја следи велосипедската тура на Станич. 🚴‍♀️💨
​Волонтерите на Црвен крст Крушево активно се вклучија и дадоја своја безрезервна поддршка и во реализацијата на инклузивниот настан, како дел од 10-тото јубилејно издание на „When in Krusevo“.
​Нашата екипа беше присутна во текот на целиот настан, помагајќи во организацијата и грижејќи се за сите учесници, со цел да создадеме безбедна, топла и еднаква средина за секого.
​Создаваме заедница која вклучува и поддржува! Горди на нашите волонтери! ❤️💪

Tags: , ,
< врати се назад