
Средба со дисеминатори, 2026
На 5 октомври 2026 година, во Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија, се одржа работна средба наменета за дисеминатори за општа дисеминација на Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина со поддршка на Меѓународниот комитет на Црвен крст.
На средбата учествуваа дисеминатори општински организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје, кои преку размена на искуства, примери и идеи работеа на унапредување на начинот на реализација и промоција на дисеминациските активности. Наш претставник беше дисеминаторот Оливера Хасаноска.
Посебен фокус беше ставен на дигиталната промоција на дисеминацијата, при што беа разгледани можности за креирање современи и интерактивни содржини за социјалните мрежи.
Во вториот дел од средбата, дисеминаторите споделија примери од својата работа, предизвици со кои се соочуваат при работа со различни целни групи и практични решенија кои можат да придонесат кон поквалитетна и поефективна дисеминација.
Средбата претставуваше простор за заедничко учење, размена на добри практики и развивање нови идеи, со цел дисеминациските содржини да бидат уште поинтересни, современи и достапни за различни целни групи.




< врати се назад











































