
Прва седница на Совет на млади, 2026
На 30 септември 2026 година, во Скопје, се одржа првата седница на Советот на млади во новиот мандат. На седницата учествуваа 25 делегати од општинските организации на Црвениот крст и Црвениот крст на град Скопје, кои преку отворена и конструктивна дискусија ги разгледаа клучните прашања за понатамошниот развој и унапредување на младинската работа во организацијата. Наш претставник беше Михаела Гиноска.
Во фокусот на седницата беа повеќе значајни активности и иницијативи, меѓу кои националниот младински летен камп „100% Црвен крст“, обуката за шминкери за 2026 година, како и трите акциски планови за младинско работење за 2027 година.
Со овие процеси се отвора ново поглавје во развојот на младинската работа – со појасно следење на активностите, посилна поддршка за локалните клубови на млади и создавање дополнителни можности за развој и унапредување на младинското волонтерство.
Новиот мандат носи нови приоритети, нови идеи и заедничка посветеност младите да бидат уште поактивен и повлијателен дел од Црвениот крст.



< врати се назад











































