
март 17, 2026
Ден на крводарителство и ден на формирање на Црвен крст на Македонија, 17 март 2026
Денес, 17 март – Ден на формирање на Црвен крст на Република Македонија и Ден на крводарителство, оддаваме признание на хуманоста, солидарноста и несебичноста.🩸
Благодарение на посветеноста на крводарителите и волонтерите, во 2025 година се реализирани:
- 811 крводарителски акции
- 61.778 собрани крвни единици
- 112,3% реализација на предвидениот план
- 20 Општински организации го надминаа годишниот план
- 1.028 јубилејни признанија
- 3 работилници за унапредување на крводарителството
- 36 врснички едукации во 14 општински организации
Нека овој ден нè потсетува дека секоја дарувана капка значи живот повеќе.❤️









< врати се назад











































