
30 години постоење на програмата ЦКА – ПХВ
ЦКА – ПХВ “Три децении човечност: Промоција на хумани вредности”
Одбележување на 30 години постоење на програмата ЦКА – ПХВ, односно Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности.
На настанот во име на општинската организација на Црвен крст Крушево присуствуваа Марија Николоска и Михаела Гиноска. И двете беа дел од оваа програма во изминатите години, како учесници, а потоа како дисеминатор и ментор.
Оваа програма е главна алатка во регрутирање на нови волонтери.
И оваа година сме во фаза на изработка на три мали проекти за добробит на заедницата. Проектите се на тема хуманост, екологија и интеркултура.
30 младинци на возраст од 14 до 17 години поминаа три обуки кои ќе им помогнат во изработка и реализација на овие мали проекти.
Крајниот рок за изработка е почетокот на мај. А до тогаш, како и секоја година, очекуваме одлична соработка и големи придобивки за сите во општина Крушево.
По завршување на овој циклус, младинците стануваат дел од Клубот на млади на Црвен крст Крушево.














































