април 22, 2025

Велигденска акција и Недела на солидарност

По повод Велигден и Недела на солидарност, од заедничката собирна акција со храмовите во Крушево, подготвивме пакети со храна за многудетните, сиромашните, самохраните и семејствата во ризик.

Веќе може да се каже традиционално, и оваа година благодарение на Бога и на верниот народ, се посетија сиромашните семејства и им се дарува храна и финансиски средства, се со цел достојно да си го дочекаат Христовото Воскресение.
Ви благодариме на сите.

< врати се назад