
Традиционална крводарителска акција во чест на Тоше, 25 јануари 2026
По повод роденденот на Тоше, на 25 јануари традиционално организираме роденденска крводарителска акција во Спомен куќа на Тодор Проески во Крушево. Во периодот од 09 до 16 часот Ве покануваме во духот на хуманоста да дарувате крв и да спасите нечиј живот.
Не мора да бидеш доктор за да спасиш нечиј живот. Оддели 15 минути и спаси 3 животи! Кога даруваш крв, подаруваш уште еден роденден, уште една годишнина, уште еден ден на плажа, уште една ноќ под ѕвездите, уште еден разговор со пријателите, уште една смеа, уште една прегратка, уште една ШАНСА!
Секој може да стане спасител! Имај големо срце, донирај крв!
Животот што ќе го спасиш можеби ќе биде на твоето дете. Солзите на мајката не можат да го спасат животот на детето, но твојата крв може. Крвта е најдрагоцениот подарок што може некој да го добие од друга личност. Секој крводарител е херој!

< врати се назад











































