декември 5, 2025

Светски ден на волонтерството, 5 декември 2025

На 5-ти декември во целиот свет се одбележува Светски ден на волонтерството во знак на благодарност и оддавање признание на волонтерите за нивниот придонес, значење и улога во зајакнување на нашите заедници. Исто така и за промовирање на волонтерството и поттикнување на институциите и граѓаните да ги поддржат напорите на волонтерските организации.

Црвен крст на Република Македонија го одбележа Светскиот ден на волонтерството во партнерство со Собранието на Македонија и со локалните самоуправи низ државата. Мотото на годинешното одбележување е Присутни секогаш во нашите заедници.

Пратеници волонтираа на осум пунктови во Скопје, центри за активно стареење, прва помош, крводарување, пункт за бездомници и магацин за хуманитарна помош. Организациите на Црвениот крст низ државата реализираа активности за поддршка на стари лица, лица со попреченост, бездомници, како и промотивни активности за прва помош, крводарителство и хуманитарни услуги. Беа потпишани Парламентарна и Општински декларации како поддршка на волонтерството и зајакнување на солидарните заедници. Беше доделена Благодарница за волонтерите кои помогнаа при пожарот во Кочани.

Секое волонтерско дело мало или големо, создава промена.

Благодарност до сите волонтери кои секој ден со својата енергија, хуманост и посветеност ја прават нашата заедница посилна. Честит Светски ден на волонтерството!

Светски ден на волонтерството
Tags: ,
< врати се назад