мај 11, 2025

Регионален натпревар по прва помош – Гевгелија 2025

Во месец мај, Црвениот крст на РСМ со цел едукација на младите за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош – организира два регионални натпревари по прва помош на тема „Прва помош во училишна средина“, со учество на првопласираните екипи од средните училишта.

Регионалниот натпревар по прва помош за регион 1, се одржа на 10 мај 2025 година, во Гевгелија на кој се натпреваруваше и нашиот тим. Го освои седмото место, од вкупно 16 екипи.

На регионалниот натпревар во Центар, учествуваше наш судија.

Црвениот крст на Македонија дава посебен придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште ги едуцираме младите за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош.

Овие натпревари не само што ги поддржуваат младите во развој на практични вештини, туку ја поттикнуваат и свеста за важноста за правилна и брза реакција при итни состојби.

< врати се назад