
Одржана работна средба со координаторите на млади од ООЦК и ЦКГС
На 29 јануари 2026 година, во просториите на Централната канцеларија на Црвениот крст на Република Македонија во Скопје, се одржа работна средба со координаторите на млади од општинските организации на Црвен крст и Црвениот крст на Град Скопје.
Средбата беше посветена на разгледување на актуелните состојби во младинската работа, унапредување на нормативните документи. Исто така и планирање на програмските активности и младинските иницијативи за 2026 година. Воедно, беа споделени искуства од досегашните активности и направен осврт на реализираните програми во изминатата година.
Ваквите работни средби на координаторите на млади придонесуваат кон зајакнување на соработката, размена на идеи и понатамошен развој на младинските програми во рамки на Црвен крст.
Нашиот младински координатор, Никола Маја, беше присутен на средбата.
Во изминатите 2 години координаторот на млади ја следи, поттикнува и поддржува работата на Клубот на млади. Младите се движечка сила на организацијата. Волонтерите се основата за реализирање на сите активности во рамки на Клубот на млади и Црвен крст воопшто. Забележителни се промените кои се постигнати со воведување на координатор на млади на годишно ниво. Активностите се повеќе координирани, организирани и намалени се шансите за грешки и неуспех.
Младинскиот координатор е зајакнатата врска на општинската организација со Клубот на млади и сите релевантни институции вклучени во младинското работење.



< врати се назад











































