февруари 9, 2026

Обука за ПХВ дисеминатори, циклус 2026 година

Во периодот 07–08 февруари во Скопје, се одржа обука за ПХВ дисеминатори. Обучени и мотивирани беа 41 дисеминатор, предложени од страна на своите општински организации на Црвениот крст. Обуката ја реализираа 5 ПХВ обучувачи. За време на обуката беа присутни и 9 ментори, кои низ процесот на изработка на малите проекти ќе им дадат поддршка на дисеминаторите.

Во наредниот период ќе бидат спроведени 120 обуки, на кои 1.200 млади ќе добијат обука за дисеминација, како и за изработка и документирање на мали проекти. Потоа, во период од два месеци, младите на терен ќе реализираат мали проекти за добробит на заедницата. Се очекува изработка на повеќе од 150 мали проекти, преку кои ќе им се помогне на повеќе од 3.000 лица.

Програмата Промоција на хумани вредности е национална програма за регрутирање и задржување волонтери во редовите на општинските организации на Црвениот крст. Програмата оваа година одбележува 30 години постоење и брои повеќе од 30 активни инструктори.

Со оваа обука за ПХВ дисеминатори започнуваме уште еден циклус со нови успешни приказни. Како и секоја година, така и оваа, младите имаат нова можност да учат и истражуваат. Воедно и да се докажат и покажат колку можат да бидат активни и успешни на терен.

За оваа година, избраниот дисеминатор на Црвен крст Крушево е Миху Костоски. Миху досега се покажал како успешен волонтер и мотиватор.

Tags: ,
< врати се назад