септември 22, 2025

Недела на промоција на хуманите вредности, 21-27 септември 2025

Секоја година, во периодот од 21 до 27 септември, преку ПХВ неделата се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, промоција на култура на ненасилство и градење мир, во согласност со Стратегијата 2030 на Црвениот крст на Република Македонија.

Оваа година, во секоја општинска организација на Црвен крст ќе се организира свечен настан на кој ќе бидат доделени благодарници за младите волонтери кои реализираа мали ПХВ проекти и со тоа станаа позитивни примери во заедницата. Благодарници ќе им бидат врачени и на нашите партнери и поддржувачи, кои со својата соработка овозможуваат поголемо влијание и успешност на активностите.

На настаните ќе бидат прикажани и кратки ПХВ видеа, со цел јавноста да се запознае со постигнатите резултати и ангажманот на младите волонтери.

Tags: ,
< врати се назад