
октомври 7, 2025
Недела на млади, 1-7 октомври 2025
Во периодот од 1 до 7 октомври 2025 година, Црвениот крст на Република Северна Македонија традиционално ја одбележува Неделата на млади, под мотото „Биди промената што сакаш да ја видиш“.
Неделата претставува промоција на делувањето на младите волонтери на Црвен крст како носители на хуманите вредности и двигатели на позитивни промени во своите заедници. Целта на оваа недела е афирмација на учеството на младите како активни лидери во заедницата, посветени на волонтерството, солидарноста и хуманоста.

< врати се назад











































