декември 2, 2025

Недела на борба против трговија со луѓе, 2-9 декември 2025

Црвениот крст на Република Македонија, како активен член на Секретаријатот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, континуирано вложува во превентивни активности и дава значаен придонес во справувањето со овој глобален проблем што ги засега и нашите заедници.

И оваа година се вклучуваме во одбележувањето преку организирање превентивни активности за врсничка едукација на младите, спроведени од Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст. Во рамките на Неделата ќе бидат реализирани работилници со ученици од основни и средни училишта, водени од волонтери од Клубовите на млади.

Овој сериозен општествен проблем бара заеднички пристап и силно меѓуинституционално делување. Црвениот крст продолжува да работи во насока на превенција, едукација и заштита, со цел создавање побезбедна заедница за сите.

Tags: ,
< врати се назад