март 1, 2026

Недела на борба против ракот, 1-8 март 2026

Согласно календарот на традиционални активности на Црвен крст на Република Македонија, од 1 до 8 март одбележуваме Недела на борба против ракот, под мотото „Превенцијата спасува животи“.

Секоја година во светот заболуваат 12 милиони луѓе од некаков вид на рак, а 7.6 милиони умираат како последица на болеста. Во Македонија секоја година се откриваат околу 6.000 нови случаи на заболени од рак. Овие бројки се застрашувачки и алармантни.

Експертите од Меѓународната унија за рак и СЗО нагласуваат дека приближно 40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на рак може значително да се намали со примена на едноставни превентивни мерки и промена на животните навики.

Во продолжение неколку препораки по повод Недела на борба против ракот.

РАКОТ Е ОДБРАНБЕН МЕХАНИЗАМ НА ОРГАНИЗМОТ ПРОТИВ КИСЕЛОСТА.

КИСЕЛОСТА И АЛКАЛНОСТА НА ОРГАНИЗМОТ ЗАВИСАТ ОД ХРАНАТА!

ХРАНА КОЈА ГО ЗАКИСЕЛУВА ОРГАНИЗМОТ:

  • Рафиниран шеќер и сите негови деривати! Шеќерот е најштетен затоа што нема белковини, масти, витамини или минерали, туку само рафинирани јаглехидрати. Неговата pH вредност изнесува 2,1 – многу кисело!
  • Сите видови на месо
  • Производи од животинско потекло: млеко и сирење, павлака, јогурт и слично.
  • Рафинирана сол
  • Рафинирано брашно и сите негови деривати, како што се тестенините, бисквитите, тестото и слично.
  • Леб
  • Маргарин
  • Кофеин
  • Алкохол
  • Тутун
  • Сета индустриски преработена и конзервирана храна со конзерванси, вештачки бои, арома, стабилизатори и слично.
  • Антибиотиците и воопшто, сите лекови

ХРАНА КОЈА ГО АЛКАЛИЗИРА ОРГАНИЗМОТ:

  • Сировиот зеленчук – иако дел од зеленчукот по вкус е кисел, во телото се менува и станува алкално
  • Овошје – Лимонот во внатрешноста на телото има висок степен на алкалност, па токму затоа и не треба да се избегнува поради неговиот исклучително кисел вкус
  • Бадеми
  • Интегрални житарици – единствено просото е алкализирачка житарица, додека сите останати се по малку кисели. Сепак, идеалната исхрана треба да има и одреден процент на киселост, па токму затоа се препорачува и консумацијата на житарици.
  • Мед
  • Хлорофил – Зелените билки содржат хлорофил кој што е исклучително корисен за постигнување на алкалност во организмот.
  • Вода – Едноставно, без вода не може да се функционира, а истата е задолжена со создавањето на кислород во организмот. Се препорачува пациентите секогаш да се добро хидрирани, пиејќи по мали голтки вода во текот на целиот ден.
  • Физичка активност – Вежбањето помага при одржувањето на алкалноста на организмот затоа што на тој начин истиот се снабдува со кислород.

Како што постојано се нагласува, речиси и невозможно е ракот да се појави кај личност која што се храни здраво, пие многу чиста вода и редовно вежба.

Токму затоа, експертите советуваат дека за да се храните правилно, треба да сте сигурни дека 60% од вашата исхрана е алкална и треба да ги избегнувате производите кои што влијаат на киселоста, како што се газираните пијалаци, слатките и брзата храна.

Tags: ,
< врати се назад