
Меѓународен ден на старите лица, 1 октомври 2025
Црвениот крст на Република Македонија и оваа година се вклучува во одбележување на 1 октомври, Меѓународен ден на старите лица, назначен од страна на Генералното собрание на ОН во 1990 година. Оваа година темата е „Застапување за здраво и инклузивно стареење“.
Црвениот крст на активно придонесува во напорите на институциите за остварување на правата и заштитата на старите лица. По тој повод, ќе се организираат информативни работилници, едукативни сесии, креативни активности и дружења со постарите лица.
Преку овие активности ќе се поттикне поголема видливост на потребите и предизвиците со кои се соочуваат старите лица во секојдневието. Посебен акцент се става на унапредување на пристапот до здравствени и социјални услуги. Потоа на намалување на осаменоста и социјалната изолација, како и промовирање на меѓугенерациска солидарност.
Волонтерите реализираат домашни посети и разговори со постари лица. Обезбедуваат психосоцијална поддршка и чувство на грижа и почит. Преку креативни работилници и заеднички активности ќе се создаде простор за размена на искуства, знаења и вредности меѓу генерациите.
Здравото и инклузивно стареење подразбира не само подолг живот, туку и живот исполнет со достоинство, сигурност и активна улога во општеството. Со заеднички напори можеме да создадеме средина во која старите лица ќе се чувствуваат ценети, слушнати и поддржани, како рамноправни членови на заедницата.

< врати се назад











































