декември 18, 2025

Меѓународен ден на мигрантите, 18 декември 2025

На 18 декември во светот се одбележува Меѓународен ден на мигрантите. Генералното собрание на Обединетите нации во 2000 година го прогласи 18 декември за Меѓународен ден на мигрантите, во чест на усвојувањето на Конвенцијата за заштита на правата на мигрантските работници и членовите на нивните семејства во 1990 година.

Според најновите податоци на Обединетите нации, во светот денес живеат околу 304 милиони меѓународни мигранти, што претставува значителен пораст во споредба со претходните децении. Илјадници луѓе и понатаму ги губат животите на опасните миграциски рути, во потрага по безбедност, подобри услови за живот и достоинствена иднина.

Црвениот крст на Република Македонија потсетува дека секој мигрант е пред сè човек, со свои права, потреби и достоинство. Грижата, солидарноста и почитувањето на човековите права се основни принципи кои треба да нè водат во односот кон мигрантите и бегалците, без оглед на нивниот статус.

Меѓународен ден на мигрантите
Tags:
< врати се назад