јануари 30, 2026

Координативен состанок за крводарителство, 30.01.2026

Црвениот крст на Република Македонија, на ден 30 јануари 2026 година, одржа коориднативен состанок за крводарителство. Учествуваа претставници од 33 општински организации на Црвениот крст (секретари и стручни соработници), со цел разгледување на постигнатите резултати во 2025 година, како и дискусија за тековните предизвици и насоките за планирање на активностите во 2026 година, со фокус на унапредување на крводарителството и координацијата помеѓу сите вклучени чинители.

На состанокот присуствуваше и Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија и претставници од Институтот за трансфузиона медицина.

Овој состанок за крводарителство претставува значаен чекор кон зајакнување на соработката и понатамошно унапредување на хуманите активности низ целата држава.

Долгогодишната соработка со ИТМ, искуството на терен во организација и мотивација на граѓаните ни дава за право да се сметаме за успешни во крводарителството. Крводарувањето е чин со кој секој крводарител помага во спасување на човечки живот. Секоја капка крв е драгоцена течност. Инспиративните приказни на повеќекратните дарители се инспирација за секој нов крводарител. А исто така и приказните од оние кои се спасиле примајќи крв се мотив за секое наредно дарување.

Во текот на 2026 година ќе се реализираат повеќе средби од ваков тип, се со една цел – успешно крводарителство.

Од ООЦК Крушево присуствуваше секретарот, Софија Николоска.

Tags:
< врати се назад