
јули 23, 2025
Илинденски крводарителски акции, 01-02.08.2025
🩸 Дарувај крв – спаси живот!
По повод големиот македонски празник Илинден, традиционално секоја година се реализираат две крводарителски акции. Првата на први август, од 16 до 22 часот во Спомен куќата на Тодор Проески и втората на ден Илинден, втори август од 9 до 14 часот во салата во Пензионерскиот дом во центарот на Крушево.
Ве повикуваме да се приклучите на крводарителските акции на 01 и 02 август и да ја покажеме хуманоста на дело.
Дарувањето крв е најголемиот подарок што можете да го дадете – живот за некого што го чека со надеж. 🙌
Повикај пријател, дојди и дарувај!
Хероите не носат наметки – тие даруваат крв. ❤️

< врати се назад











































