
Бесплатни гинеколошки прегледи – есен 2025
Во периодот од 1 до 31 октомври во Крушево се реализираа 264 бесплатни гинеколошки прегледи за жените од градот и населените места, со цел превенција од рак на грлото на матката. Истите беа реализирани во гинеколошката амбуланта во ЈУ Здравствен дом Крушево.
Со работата на мобилната амбуланта треба да се зголеми бројот на жени од ранливите групи и од руралните и оддалечените места кои ќе направат бесплатни гинеколошки прегледи и да се подигне свеста за важноста од редовни скрининзи. Прегледите се најдобра заштита од рак на грлото на матката.
Контролите ги вршат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и повеќе болници во Македонија.
Работата на мобилните амбуланти е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари –МАГО, Македонското лекарско друштво, Црвениот крст и УНФПА – Фондот за население на Обединетите нации.

< врати се назад











































